Спорт
Македонските „кантерџии“ со Павле од Гостивар во финалето на Светското првенство во е-спорт
Македонската „CS:GO“ репрезентација се пласира во финалето на Светското првенство на Меѓународната еспорт федерација која се одржува во Еилат, Израел, совладувајќи ја претпладнево во полуфиналната битка селекцијата на Украина.
„Ова е огромен успех за нашиот тим, со оглед на тоа што играме со заменски играч кој се одлично се вклопи. Во финалето одиме на победа, но како и да заврши натпреварот ова е историски успех за македонскиот еспорт. Огромно благодариме од целиот тим за поддршката, гледајте не и навивајте за нас“, изјави за Gostivarpress.mk гостиварецот Павле Стојановски, кој е дел од тимот.
Загарантираното второ место носи награда од 6.000 долари, а главната премија за освојувачот изнесува 10.000 долари.
Финалниот натпревар македонските „кантерџии“ го играат од 16 часот против тимот на Романија. Дуелот за злато може да се следи на каналот на Македонската еспорт федерација, ТУКА.
Напред дечки!
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот