Поврзи се со нас

Гостивар

Лимани: Советот на Гостивар ќе го слуша гласот на секој граѓанин!

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар во следните четири години ќе го води Ваљбон Лимани, кој  беше носител на листата од Алијанса/Алтернатива на локалните избори. Како што веќе информиравме, на денешната седница, Лимани беше избран за челното место, со 18 гласа ЗА, 2 воздржани и ниеден против.

„Благодарам за довербата, се надевам дека со мојата работа ќе покажам и докажам дека Советот на Општина Гостивар ќе биде институција во која ќе се слушне гласот на секој граѓанин и кадешто ќе се потрудам да има консензус за сите одлуки кои се во добробит на граѓаните на Општина Гостивар без разлика на која политичка партија и‘ припаѓаат советниците.“, изјави новоизбраниот претседател на Советот.

Првите честитки ги доби од колегите советници и градоначалникот Арбен Таравари.

„Како градоначалник ми претставува задоволство што избравме претседател на Советот. Се надевам дека во овој мандат соработката и координацијата ќе биде конструктивна и со опозицијата, за да делуваме заедно за добри проекти и благосостојба на граѓаните“, рече градоначалникот.

Лимани беше единствениот кандидат предложен од Комисијата за избори и именувања. Пред гласањето, од говорницата реагираше советничката група на СДСМ.

„Може да констатираме дека има неисполнети предизборни ветувања, од коалицијата која ја предводи општинската власт. Ние немаме никакви причини предложениот кандидат да не биде претседател, затоа што сме поборници за едно општество за сите. И токму поради тоа, прашуваме зошто не е исполнето ветувањето, за претседател да биде избран кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, како што беше промовирано предизборно“, рече советничката Ема Нешковска.

На денешната седница беа комплетирани составите на Комисиите што ќе функционираат во склоп на Советот. Едногласно беше донесена и одлука за официјална употреба на ромското знаме на територијата на Општина Гостивар, по предлог на советникот од ДСР, Фирдаус Ајдари.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 1 час

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 5 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 7 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 9 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 10 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 11 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 12 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 23 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена