Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Хроно – диета што ја сакаат сите!

Објавено

на

 

Најпопуларниот начин на исхрана моментално, преку кој луѓето ја достигнуваат идеалната тежина е хроно исхраната. Заснована на правилото, одреден вид на намирници да се конзумираат во точно определено време, оваа диета станува број еден, како во светот, така и кај нас. Тоа што најмногу привлекува кај хроното е што може да се јаде секаква храна, но важен е тајмингот и комбинирањето.

Првичниот хроно систем на исхрана го смислил францускиот лекар Ален Делабос во 1986 година. Целата исхрана е подредена на правилна работа на панкреасот и лачењето на инсулин и кортизол, како и ензимите кои се потребни за варење на храната кои што не се лачат во секое време од  денот подеднакво. Оттогаш до сега хроно исхраната се менувала и усовршувала.  Докторката Ана Гифинг како голем  промотор на овој вид на исхрана, за своите пациенти вовела и фаза која е наречена – Рестрикција. Тоа е период во кој телото се чисти и организмот се прилагодува  на новиот начин на исхрана. Токму во оваа фаза најмногу се намалува телесната тежина, а после тоа се овозможува да се задржи истата.

Во фазата на рестрикција е смален бројот на продукти кои се внесуваат,  шеќерот и овошјето се исклучени и нема ужина. Фазата трае минимум 28 дена или додека не се постигне посакуваната тежина. По рестрикцијата се воведува хроно исхрана со правилно комбинирање на продуктите  за доручек, ручек и вечера. Така на пример, доручекот треба да биде обилен и да вклучува масти и белковини, да се јаде сирење, путер, храна која содржи скроб (леб), протеини (јајца или сувомеснати производи). Ручекот треба да содржи помалку маснотии отколку доручекот, но да обезбеди мала количина на шеќер и билни протеини. Не треба да биде преобемен, но доволен да не осетите глад  до следниот оброк. За време на ручекот не треба да мешате протеини и јаглени хидрати и овој оброк да се јаде најдоцна до 15 часот. За вечера се избира лесна храна: риба, посно месо и малку зеленчук. Со вечерата не е дозволено да се внесуваат шеќери, маснотии и скроб, што значи за вечера не се конзумира тесто, леб и сл. Тоа што можеби најтешко им паѓа на луѓето кои избираат хроно е правилото дека не е дозволено грицкање помеѓу оброците.

Други забранети продукти се: оцет,  кравјо млеко, маргарин, растителен кашкавал и сирење, растителна маст, растителна павлака, топли пецива.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена