Поврзи се со нас

Гостивар

Совет Гостивар: Широка дебата, предлози, па едногласно усвојување на Развојната програма за 2022-ра година

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар на денешната седница ја усвои Развојната програма за 2022-ра година. Пред едногласното донесување на документот, во Советот се разви широка дебата од околу еден час. Советниците од речиси сите советнички групи даваа свои предлози за вметнување на дополнителни проекти, коментираа и дискутираа, па Програмата, првично изработена од локалната самоуправа, беше проширена.

Советникот Гоце Димовски од ВМРО ДПМНЕ, меѓу другото предложи да се вметнат зафати во Здуње, Тумчевиште, Дутлок, рехабилитација на главната улица во Циглана, изградба на патот до Манастирот Преображение и други. Сопартијката, Анета Ќироска предложи уредување на фасадите на постарите станбени објекти и нивно претворање во енергетски ефикасни. Советничката Ема Нешковска од СДСМ побара ставање во функција на капелата, доделување на стипендии за деца од социјални и еднородителски семејства, проширување на капацитетот на стационарот за бездомни кучиња, назначување службеник за млади и др. Лек Далипи од ДУИ истакна дека приоритет треба да се даде на уредување на централното градско јадро  со среден плоштад. Советничката Вјолца Бафтиу Зулбеари од истата партија предложи да се направи увид во состојбата со тротоарите во однос на услови за движење на лицата со посебни потреби и истите да се прилагодат. Од советникот Телат Фетаи од Алијанса/Алтеранатива дојде предлог за повеќе проекти во Чегране да се издвојат 3 милиони денари…

Градоначалникот Арбен Таравари рече дека при подготовката на Развојната програма биле земени предвид барањата и потребите на граѓаните од сите населби и населени места во општината. Сепак, реално комплетно проектите нема да може да се реализираат, заради финансиските ограничувања.

„Ние претходно ги поминавме сите места и зборувавме со граѓаните, тие имаат многу барања и потреби. Денес беа прифатени и предлозите на советниците, многу од нив беа навистина конструктивни и убави за развојот на градот. Но, реално целата програма опфаќа финансии од околу 20 милиони евра, а ние како општина можеме да инвестираме 2-3 милиони евра. Размислуваме да направиме еден вид анкета, преку веб страницата, за граѓаните на таков начин да ги одредат приоритетите. За реализирање на дел од проектите секако, ќе се користат и фондови од донаторите, Светска Банка, УНДП и слично“, изјави Таравари.

Од Канцеларијата за локален економски развој појаснија дека поголемиот дел од проектите во Програмата се однесуваат на изградба на канализации и водовод, како и на инфраструктурно уредување на патишта и улици.

На денешната седница на гостиварскиот совет беше донесена и одлука за проширување на средства во општинскиот буџет, како и повеќе одлуки за разрешување и именување на членови во управни одбори на училишта.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 19 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 21 час

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 22 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена