Поврзи се со нас

Македонија

Зоран Заев попладнево ќе ја депонира оставката до Собранието

Објавено

на

Премиерот Зоран Заев попладнево ќе ја депонирата оставката, која ја најави поради лошите резултати на локалните избори. Тој тогаш оставки најави и од премиерската и од лидерската позиција во СДСМ. Во партијата веќе се одржаа избори и на местото на Заев, дојде заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, кој се очекува да биде и новиот мандатар.

Оставката треба да ја констатира претседателот на Собранието, Талат Џафери, а според собраниски извори, како што објави „Слободен печат”, тој тоа ќе го стори утре пред седницата за пратенички прашања.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање истакна дека како што беше и најавено оставката ќе биде депонирана по завршувањето на годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Заев минатата седмица најави дека оваа недела ќе ја донесе одлуката и ќе соопшти кога точно оставката ќе биде формализирана пред Собранието. Тој тогаш изјави дека очекува негов наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски.

– Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев минатата среда за Телевизија 24.

Претседателот на државата по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена, од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, стои во Уставот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 28 минути

Денес гласаат болни, затвореници и лица во старските домови

Гостиварпред 1 час

Најавено е минирање кај Бањица во текот на денот

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изборен молк до утре во 19 часот

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 21 час

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 24 часа

Етерични масла против алергии

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена