Вести
КК Гостивар на најубав начин им ја честита Новата година на гостиварци – По две продолженија го „скрши“ Еуро Никел
Во еден од најдраматичните натпревари сезонава кошаркарите на Гостивар по две продолженија излегоа како победници во дерби пресметката против вицепрвакот Еуроникел (106-105).
Гостите подобро го отворија мечот, добивајќи ја првата четвртина, но домашниот тим се реваншираше во вториот период и на пауза замина со предност од 48-45.
Драмата започна со почетокот на второто полувреме, во неизвесна и израмнета игра третиот период беше изедначен, додека во последниот период гостиварци не ја искористија предноста која се стопи до крајот на натпреварот, можеа домаќините да го одлучат натпреварот во последните секунди, но на 78-79 Тодоровиќ погоди само едно од двете слободни фрлања за да се премине во продолжение. Кавадарчани има +3 на 10 секунди пред истекот на продолжението, но токму Тодоровиќ погоди за три, за 91-91, и екстра нови 5 минути. Во кои Гостивар беше поприсебен и на огромна радост на присутната публика во Младост го добија натпреварот со конечни 106-105.
Марјан Јанески со 30 поени беше најефикасен кај Гостивар, Ворку реализира 18, Ефремовски 15, Тодоровиќ 13, Дејли 12 поени. Силаџи запиша 8, Ре.Димитриевски 7 и Лефковски 3 поени.
Дарко Соколов со 30 поени и 13 скока беше убедливо најдобар кај Еуро Никел.
Со денешната победа КК Гостивар има скор од 7 победи и 5 порази, по што следи зимската пауза.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница