Поврзи се со нас

Македонија

Второто полугодие да почне онлајн, бараат родители

Објавено

на

Движењето „Поддршка за онлајн настава“ произлезено од Фејсбук група која брои 15 илјади членови денеска на прес-конференција побара второто полугодие од учебната 2021/22 да почне со онлајн настава.

– Ние не сме способни да имаме комбирнирана, не сме способни да имаме ни со физичко присуство настава, затоа што децата во една училница со 30-40 метри квадратни го пренесуваат вирусот многу брзо. Шансата за заразување е многу голема. Ги фрламе во оган не само децата, туку и нивните родители, бабите, дедовците, цели семејства, изјави Ана Глигорова, претставник на движењето „Поддршка за онлајн настава“.

Апелираше до министерот за здравство и министерката за образование и наука, односно Комисијата за заразни болести да дадат предлог до Владата нивното барање да се реализира.

– Ако со делтата и со првиот вухански сој се заразуваа еден, дајца, во овој случај се заразуваат буквално сите. Сметаме дека во училиштата досега не се придржуваа до протоколите во првото полугодие, децата се заразуваа во ноември иако тоа се криеше, дел од децата кои беа онлајн според законот беа изложени на мобинг од страна на одредени наставници, не беа ни вклучувани. Имаме дете од внатрешноста на Македонија кое цело прво полугодие не било вклучено, одземено му е уставното право на образование на тоа дете, кое е шесто одделение. Сега таткото презема правни мерки да го реши случајот. Се работи за огромен број случаи кои едноставно сакаат онлајн настава во второто полугодие поради здравствениот ризик во земјава, рече Глигорова.

Правото на образование, наведе таа, е загарантирано со Уставот, а дел од законите се грубо прекршени.

– Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, непочитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смртна опасност голем број на семејства, велат од Движењето „Поддршка за онлајн настава“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 35 минути

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 11 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 13 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 13 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена