Спорт
Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
Во драматичен натпревар екипата на МЗТ Скопје успеа да се најде во полуфиналето совладувајќи го попладнево жилавиот Гостивар со резултат 87-85.
Не секогаш лесно победува посилниот, посебно не кога за противник има ваков храбар и пожртвуван Гостивар. „Бело-сините“ без никаков респект влегоа во натпреварот покажувајќи им на МЗТ Скопје дека немаат намера без борба да се одлучи победникот, но ја немаа доволно долгата клупа рамноправно да му се спротистават на противникот, но и со тоа што располагаше четата на Александар Јончевски чесно си ја продаде кожата.
Актуелниот бранител на трофејот долго ја бараше идеалната петорка на теренот за да го скрши Гостивар, ротирајќи ги сите сениори во тимот. И двата тима имаа свои светли периоди низ текот на мечот, но гостиварци потклекнаа во финишот. Заморот во 40 минутната квалитетна кошарка си го зеде данокот.
Фуриозната серија на аеродромци од 14:0 за 7 минути во последниот период, беше клучна за победата на МЗТ Скопје, иако се тоа висеше во воздух по шутот на Димитриевски со звукот на сирената, но среќата не ги посака гостиварци по што „штрковите“ се најдоа во полуфиналето.
Ворку и Ефремоски беа најефикасни на натпреварот, кај официјално домаќините Мекиќ постигна 19, Рикиќ 18, Крстевски 17 поени.
Се на се, КК Гостивар денеска храбро и достоинствено се бореше против многу посилниот противник, не разочарувајќи ги своите навивачи во СЦ Кале, кои даваа жестока поддршка од трибините и од време на време приредувајќи малку чудно шоу за сите присутни.
МЗТ Скопје во полуфиналето ќе се сретне со екипата на Феникс 2010.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ