Гостивар
Јавен повик: Бесплатни обуки за негуватели, можност за работа во специјален Центар во Гостивар
Агенцијата за вработување, денес (23 февруари), објави јавен повик за невработени лица за вклучување во бесплатни обуки во рамки на програмата за обука и вработување на лица за обезбедување услуги на грижа во заедницата, имплементирана од Агенцијата, во партнерство со УНДП.
За специјален Центар кој ќе се отвори во Гостивар, под капа на здружението на граѓани “Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби” преку повикот се бараат вкупно 17 негуватели/асистенти за следните позиции: асистенти за нега на лица со Мултиплекс склероза, асистенти/негователи за испорачување на услугата одмена на семејна грижа и асистенти за нега на лица со Алцхајмерова болест
Заинтересираните невработени со завршено најмалку основно образование, можат да се пријават во Центарот за вработување, секој работен ден. Од Ресурсниот центар информираат дека огласот важи за невработени лица од целиот полошки регион.
За време на обуката кандидатите ќе примаат по 9.000 денари надоместок месечно. По завршување на обуката, што ќе трае 3 месеци, лицата ќе имаат можност да бидат работно ангажирани како негуватели/асистенти во специјалниот Центар во Гостивар со месечна плата и платено пензиско и здравствено осигурување.
Целиот јавен повик може да го најдете на следниот ЛИНК.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ