Поврзи се со нас

Гостивар

Се реновира училишниот објект во гостиварско Чегране

Објавено

на

Во основното училиште „Прпарими“ во гостиварското село Чегране во тек се работи за реновирање на објектот. Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари денес беше во посета на училиштето да ја види одблизу реализацијата на терен.

„По уредувањето на покривот на училиштето, продолжуваме со фасадата и наскоро ќе има реновирање на некои внатрешни простори, како што се: нови тоалети, кабинети, смарт-табли итн. Станува збор за проект со кој целосно се реновира училишниот објект во Чегране. Вреди да се напомене дека пред две години во ова училиште ги променивме прозорците и го поправивме подот, поставивме катче за игри во дворот и ја финализиравме градинката која работи во рамките на училиштето.“, рече градоначалникот.

Општина Гостивар аплицираше и доби повеќе проекти од Министерството за образование и наука во Програмата за капитални инвестиции во училиштата, а реновирањето во Чегране е еден од нив.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена