Поврзи се со нас

Занимливости

При смртта, мозокот најверојатно се потсетува на најбитните мигови од животот

Објавено

на

Нова снимка од мозок на човек кој умира, открива дека сепак, во последните мигови од животот луѓето можат да оживеат некои од омилените животни спомени. Снимката снимена случајно, откако пациент поврзан со електроенцефалограм (ЕЕГ), доживеал срцев удар и починал.

Научниците така, неочекувано снимија умирање на најкомплексниот човеков орган, по смртта на пациентот кој се лекувал од епилепсија. Додека му ја мереле активноста на мозокот, на 87-годишниот маж ненадејно му се случил срцев удар и смрт… За 30 секунди е забележано засилување на специфични мозочни бранови, познати како гама-осцилации, кои се поврзуваат со помнењето, сонувањето и медитацијата.

Иако треба да се спроведат уште многу испитувања, снимениот миг укажува дека човекот можеби може да ги види, како на филмска лента, своите најдобри спомени, баш пред да умре.

Иако телото се исклучува, мозокот за кусо сè уште работи заради последната задача – да го направи процесот помалку „мрачен“. Д-р Ајмал Земар, неврохирург од Универзитетот на Лујсвил во САД, кој го предводеше истражувањето, смета дека со генерирање на осцилациите вклучени во обновувањето на помнењето, мозокот може „да го прикаже“ последното сеќавање на важните животни настани, слични на оние досега пријавени во блиските искуства со смртта.

– Овие наоди го доведуваат во прашање нашето разбирање за тоа кога точно завршува животот, додаде д-р Земар.

Слични промени во мозочните бранови се забележани и кај стаорци во миг на смрт, но никогаш порано кај луѓето. Трудот е објавен во „Фронтиерс“ списанието за неврологија (Frontiers in Aging Neuroscience).

„Нашите податоци ги даваат првите докази од човечки мозок што умира во неекспериментална реална клиничка средина за акутна нега, кои покажуваат дека човековиот мозок може да создава координирани активности во состојба на блиска смрт“, како што се наведува.

Сепак, треба да се има на ум дека ова е испитување на само еден случај на мозок, којшто веќе бил оштетен од епилепсија.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 19 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 21 час

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 21 час

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена