Вести
Инјекција за слабеење пуштена во продажба
Аптеките во Велика Британија од денoвиве почнаа со продажба на „инјекција за слабеење“, за која не е потребен рецепт, а функционира така што го потиснува апетитот и „ветува губење на пет отсто“ од телесната тежина за три месеци.
Инјекцијата е одобрена од Британската здравствена служба (НХС), и е наречена „Лираглутајд“ (Liraglutide) (а позната и како „Саксенда“). Заинтересираните ќе треба да се пријават и за брза интернет-консултација. Инјекцијата го имитира хормонот ГЛП-1 за ситост.
„’Лираглутајд‘ е лек за слабеење кој делува да се чувствувате сити или помалку гладни. Се зема како инјекција еднаш дневно. Вашиот лекар или медицинска сестра ќе Ви покажат како да го земате лекот“, се наведува на интернет-страницата на НХС.
Здравствени стручњаци нагласуваат дека инјекцијата сепак не е чудесен лек за слабеење и треба да се комбинира со диета за да се постигне какво било губење на тежината. НХС посочува дека „Лираглутајд“ е погоден за возрасни до 75 години и треба да го избегнуваат бремени жени и доилки, како и оние со проблеми со црниот дроб и бубрезите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар