Поврзи се со нас

Македонија

Почнува бесплатен скрининг за рано откривање на рак на грло на матка – пријавување преку интернет

Објавено

на

Министерството за здравство почнува со организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. За закажување превентивен преглед, од денеска е достапна веб платформата skrining.mk.

Според Министерството, веб платформата skrining.mk е директно поврзана со системот МојТермин и матичниот гинеколог веднаш добива информација за пријавени пациентки, по што ги известува пациентките во кој термин е закажан прегледот.

Согласно распоредот предвиден во планот за ПАП тестирање, матичниот гинеколог ги повикува жените, информирајќи за точниот датум и час кога треба да се направи ПАП тестот.

Годинава се издвоени приближно 11 милиони денари за оваа потпрограма во рамки на Програмата за рана детекција на малигни заболувања.

-Во рамки на заложбите за заштита на женското здравје, токму на Меѓународниот ден на жената информираме дека почнуваме со организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка, наведува Министерството за здравство.

Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест. Прегледот во рамки на овој скрининг за оваа возрасна група е бесплатен.

Мој термин во соработка со Националната комисија за рак на грло на матка изминатиот период интензивно работеше на оваа новина и за првпат на овој начин жените од предвидената група можат да се пријават да учествуваат во овој скрининг, а целта ни е да го зголемиме опфатот на жени кои ќе направат преглед, имајќи предвид дека раната детекција и превенција на ракот на грлото на матката е еднакво важна и во услови на пандемија.

Препорака на СЗО е жените вклучени во скринингот да се поделени во три возрасни групи: од 24-35, 36-45 и 46-61 година. Интервалот на спроведување на скринингот е три години, за да се опфатат сите овие возрасни групи.

-Ракот на грлото на матката е четврт најчест тип канцер кај жените во светски рамки, а во нашата држава во просек годишно заболуваат околу 150 жени од рак на грло на матка, потенцира Министерството.

Апликацијата за пријавување е достапна на https://skrining.zdravstvo.gov.mk/paptestapplication?fbclid=IwAR0RTatOt6bQsIdb0RsT-zQy1k2zpWYEMWMOYi3GU2vhM6DBSgHhhwP9th0.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 2 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 6 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 8 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 10 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 11 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 12 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 13 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена