Поврзи се со нас

Вести

Учениците од Гостивар воодушевија со креативност, вештини и знаење по повод 21 Март

Објавено

на

Интересен настан што ги спои Денот на екологијата и Денот на лицата со Даунов синдорм се одржа денес во Гостивар. Учениците од основните и од средните училишта ги презентираа своите модни креации од рециклирани материјали, и проекти и изработки со еколошки мотиви. Дел од одбележувањето на 21 Март беа и децата со Даунов синдром и со попреченост.

Настанот го организираше Општина Гостивар во партнерство со училиштата, а се вклучија и невладините „Заедно можеме“ и „Дава“.

„Децата ги претставуваат своите модели изработени од рециклирани материјали и проекти што ги направиле во насока на подигнување на еколошката свест. За оние што ќе бидат избрани за најдобри предвидени се награди“, рече Аслијан Снопче од Секторот за образование.

Креативноста, умешноста и знаењето, учениците го прикажаа преку впечатливи фустани и други костими направени од вреќи за отпад, медицински маски, хартија итн, како и преку најразличните изработки кои ги презентираа на штандовите.

Дека гостиварските ученици имаат имагинација и се креативни се сложи и градоначалникот Арбен Таравари.

„Одбележуваме значаен датум, 21 Март, како Ден на екологијата и како Ден на лицата со Даунов синдром, а оваа активност ги спојува. Се надевам дека ќе имаме што повеќе вакви интересни настани. Се гледа дека децата имаат убави идеи и знаат како да ги реализираат. Децата се секогаш покреативни од возрасните“, рече градоначалникот.

Општината на Сезер Имери, кој има Даунов синдром му додели благодарница за придонес во работата на хуманитарната организација Дава.

Настанот се одржа во спортската сала на гимназијата.

 

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 12 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 16 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 17 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 20 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 21 час

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 22 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 23 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена