Гостивар
Гостивар го чествуваше Светскиот ден на поезијата
Дваесетина поети од различни генерации и националности беа дел од одбележувањето на Светскиот ден на поезијата во Гостивар. Настанот го организираше Центарот за култура АСНОМ, а се одржа во малата сала на установата.
„Навистина е жално што во овие денешни времиња малку се потценува моќта на поезијата, но сепак поезијата може многу да каже, може да стигне на многу места каде што не достигнал обичниот збор и се надеваме дека со еден ваков настан ке успееме да испратиме убава порака. Навистина е убаво да се поканат сите оние кои творат и да се охрабрат сите оние кои што досега не се осмелиле да го презентираат она што го пишуваат пред други, можеби ке најдат на малку поразлични мислења и критика. Но критиката не мора да значи секогаш дека е негативна, таа може да биде позитивна и да биде давање на насока како понатака да се твори. Поезијата не познава возрасна граница, пол, не познава етникум, поезијата зрачи, љуби, таа го обединува светот“, беше речено на одбележувањето.
Настанот беше збогатен со музичка програма. Учесниците од организаторите добија благодарници.
„Им благодариме на сите кои беа дел од одбележувањето на Денот на поезијата во Гостивар. Заеднички да се трудиме и стремиме да имаме што повеќе вакви настани во иднина“, рече Валентина Тасеска од Центарот за култура.
Одбележувањето на 21 Март во Гостивар се организираше со поддршка на Министерството за култура.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ