Рецепти
Полжавчиња со маслинки и ајвар (посно)
Овие полжавчиња може да бидат идеален појадок или вечера за оние кои постат, за вегани и вегетаријанци. Рецепт лапни-голтни!
Состојки:
500 гр. гр готови кори за пита
300 гр. сецкани маслинки
150 гр. ајвар
300 мл. кисела вода
половина коцка квасец
5 лажици брашно
1 лажиче шеќер
100 мл. масло
сол, сусам
Подготовка:
Во сад мешаме кисела вода, квасец, шеќер и брашно и се остава да надојде квасецот. Потоа се додава сол и зејтин и со таа смеса се премачкуваат корите. Се земаат две кори, се премачува горната отприлика со 3 лажици од смесата, се нанесува ајвар и маслинки, се замотуваат корите во полжавче, па се редат во плех на кој имаме ставено хартија за печење. Постапката се повторува додека има не се потрошат корите.
Остатокот од смесата се размачкува врз полжавчињата, па се посипуваат со сусам. Се печат 25-30 минути на 180 степени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок