Поврзи се со нас

Вести

Албанија разгледува можност богатите семејства да плаќаат поскапа струја

Објавено

на

Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешната пленарна седница, најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста  богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. 

Тој уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното производство. 

– Страшна е и помислата дека сме во услови на тоа што се случи, всушност немање снабдување, недостиг на нафта, гас, струја и храна. Ова се случи. Ние и денес стоиме зад усвоениот пакет економски мерки, со кој не предвидуваме поскапување на цената на струјата за ниту едно албанско семејство. Министерството за енергетика прави студија за богатите семејства, за да видиме дали можеме да направиме привремена поделба каде тие што имаат повеќе да платат повисока сметката за енергија, изјави Рама. 

Тој нагласи дека за другите  домаќинства нема да има зголемување на сметката за енергија, за што Владата ќе продолжи да ја плаќа разликата. 

Локалното производство на електрична енергија во Албанија зависи од хидроенергијата, а сушата во последните месеци ја влоши и онака лошата ситуација со електрична енергија во земјата.  

Поради неповолната хидрологија акумулацијата на најголемата хидроелектрана „Фиерза“, која е втора во поголемина на Балканот, според последните информации е на критичниот минимум, поради што запрено е производството. 

Претходно Владата соопшти дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија. 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 9 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 9 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 18 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 ден

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 1 ден

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 ден

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена