Гостивар
Полицијата казнуваше возачи во Гостивар оти не пропуштале пешаци
Полициски службеници на СВР Тетово денеска (12 април) од 13 до 18 часот, спровеле акциска контрола за обврските на возачите кон пешаците, во која се откриени и законски санкционирани вкупно 22 прекршоци, од кои 16 во Тетово и 6 во Гостивар. Најголем број од прекршоците се однесувале на непропушање на пешаци кои биле или зачекориле на коловоз на обележани пешачки премини. При контролата, исто така, биле санционирани и 25 други видови сообраќајни прекршоци.
СВР Тетово најави дека и во наредниот период ќе продолжи со вакви контроли, во чие средиште ќе бидат возачите и исполнувањето на нивните обврски кон пешаците, но и пешаците-како и колку тие, пак, ги почитуваат важечките сообраќајни знаци,правила и прописи.
СВР Тетово повторно апелира возачите секогаш и секаде да им даваат предност на пешаците, а пешаците да не ги минуваат улиците каде ќе стигнат, туку исклучиво на пешачки премини и прописно да се движат по улици и патишта на кои нема обликувани тротоари или обележани премини.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ