Поврзи се со нас

Македонија

Иницијатива за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата

Објавено

на

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III – споменик на природата и донесе одлука за прифатливост на предлогот.

Покрај тоа, Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 година, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III-споменик на природата.

Оваа иницијатива, информираат од  владината прес-служба, доаѓа согласно препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро за да се овозможи заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување на план за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.

-Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата,  Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската Конвенција, CITES, Бонската Конвенција, Рамсарската Конвенција и други, порачуваат од Владата

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 8 минути

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Вестипред 13 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 23 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 24 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 2 дена

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 дена

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена