Гостивар
Убиецот на жената во гостиварски Вруток се‘ уште не е пронајден
Десетина дена по убиството на жена што се случи во гостиварското село Вруток, се‘ уште се трага по сторителот. Додека во јавноста се појавуваат низа шпекулации и верзии, нема официјална информација за тоа кој, како и зошто посегнал по животот на 55 годишната Б.А.
Истрагата е во тек и надлежните институции не откриваат повеќе детали. Останува непознато каде е нејзиниот сопруг, дали во куќата било провалено, се случила ли кражба итн.
„По наредба на јавен обвинител беше извршена обдукција на телото на починатата, при што се потврди дека станува збор за насилна смрт. Се уште се постапува по издадените наредби и насоки од Основното јавно обвинителство Гостивар за откривање на сторителот на кривичното дело.“, стои во одговорот од обвинителството на прашањата на Gostivarpress.mk за случајот.
За убиството пошироката јавност беше информирана на 26 април, кога обвинителството соопшти дека бил извршен увид во семејна куќа во селото Вруток, каде претходниот ден било пронајдено безживотно тело на жена со повеќе убодни рани од нож. Жената била по потекло од Република Албанија, родена 1967 година, а била мажена и живеела во Вруток. Според првичните сознанија, смртта настапила околу 24-48 часа пред нејзиното пронаоѓање.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!