Поврзи се со нас

Гостивар

Во Брвеница откриена биста на Кузмановски, еден од загинатите бранители во Куманово на 9 мај

Објавено

на

Во Брвеница денес беше откриена спомен биста во чест и вечен помен на загинатиот припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар” Жарко Кузмановски, кој на 9-ти мај 2015 година, пред точно 7 години, како лидер на тим извршувајќи службени задачи, заедно со уште 7 колеги, прерано го загуби својот живот во полициската операција за неутрализирање на терористичката група во кумановската населба Диво насеље.
„Жарко Кузмановски со неговата трагична смрт како наш бранител, припадник на македонската полиција, го заслужи своето место меѓу бесмртните, меѓу сите наши херои кои оставија вечна трага во историјата на нашава татковина, но и аманет за иднината на генерациите што доаѓаат, бидејќи не постои држава во чии темели не се вградени животите на нејзините најхрабри синови. Загубата е ненадоместлива и речиси е невозможно да се исполни празнината што како колеги, пријатели, блиски ја споделуваме во изминативе седум години од трагичното загинување.
Сите даваме по нешто, некои дадоа сѐ!“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во куманосвките крваври настани животите ги загубија: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

Жарко Кузмановски (р. 1981), од с. Брвеница, Тетовско
Ненад Серафимовски (р. 1987), од с. Зубовце, Гостиварско
Сашо Самојловски (р. 1982), од с. Брвеница, Тетовско
Бобан Ивановиќ (р. 1968), од с. Стајковци, Скопско
Горан Илијевски (р. 1974), од Гостивар
Исамедин Османи (р. 1983), од с. Студеничани, Скопје
Љубиша Аранѓеловиќ (р. 1966), од Скопје
Горан Стојменовиќ (р. 1970), од Миладиновци, Скопје
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена