Гостивар
Случајот со Ембла од Гостивар најтежок облик на дискриминација во првите 3 месеци годинава, нотира КСЗД

Половина од сите претставки кои во првите три месеци од 2022 биле поднесени до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) биле од областа на јавно информирање и медиуми и најчесто се поради вознемирување на социјалните мрежи, а најтежок облик на дискриминација во првиот квартал од годинава е случајот со 11-годишната ученичка со посебни потреби во ОУ „Единство“ во Гостивар, за кој Комисијата утврдила сегрегација, постапувајќи по службена должност.
Во периодот од јануари до крајот на март КСЗД постапувала по 95 претставки, од кои 57 биле поднесени во овој квартал. Игор Јадровски, член на Комисијата, на прес-конференција рече дека во првиот квартал од годинава Комисијата донела 46 одлуки – во 26 мислења утврдиле дискриминација, во десет не утврдиле, во два случаја не постапиле или ја запреле постапката согласно законските надлежности, а осум претставки биле отфрлени поради ненадлежност, неуредност или ненавременост.
-Во однос на видовите на утврдената дискриминација продолжува трендот од 2021 на утврдување потешки облици на дискриминација – направена по повеќе основи, повеќекратна или повторена дискриминација и најголем број мислења во кои сме утврдиле дискриминација се од потежок вид – 14 вакви мислења. Во десет мислења сме утврдиле вознемирување и три во кои сме утврдиле потешка форма на вознемирување – кое било продолжено, повеќекратно или, пак, повторено. Имаме еден случај на повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација и еден случај во кој имаме утврдено сегрегација, рече Јадровски, соопштувајќи ги наодите од кварталниот извештај.
За случајот со девојчето од Гостивар, кое поради попреченост и по петиција на родители на нејзини соученици беше преместена од одделението во несоодветна просторија, КЗСД постапила по службена должност и утврдила продолжена дискриминација, исклучување и сегрегација.
-Иако ова беше потежок облик на дискриминација, сепак по укажувањето и препораките на Комисијата, ова е еден од ретките случаи во кои имаме добиено сеопфатен одговор кој значи постапување по сите препораки. Дел од нив беа веднаш исполнети од училиштето – како на пример враќање на девојчето во одделението, правење посебна програма за нејзините потреби и извинување на родителите. Училиштето нѐ информираше дека во соработка со регионалните ресурсни центри ќе обезбеди посебна просторија која ќе има асистивна технологија и дека во соработка со училиштето „Златан Стремец“ е во постапка на изготвување програма за сензибилизација на вработените во училиштето и на родителите. Ова го издвојувам како позитивен случај, иако има и други, но беше медиумски најприсутен и најдобро покажува како сеопфатното делување може да се направи промена, истакна Јадровски.
Од вкупниот број примени претставки (57) во кварталот јануари-март 2022, најзастапени области на дискриминација се медиумите и јавното информирање (50 отсто), работа и работни односи, кои минатата година како област биле најзастапени, сега се на второ место со 19 отсто, пристап до добра и услуги (15 отсто), образование (12 отсто) и спорт (4 отсто).
Во однос на дискриминирањето во областа јавно информирање и медиуми, кое по бројот на претставки е најзастапено, Јадровски појасни дека најчесто се работи за вознемирувања на социјалните мрежи, посочувајќи притоа дека за разлика од Законот за медиуми, нивната Комисија пошироко ја третира оваа област и во дефиницијата за медиуми ги опфаќа и интернет-порталите и социјалните мрежи.
Посочи дека во однос на 2021, во кварталот јануари-март 2022 има значително намалување на претставките врз основа на етничка припадност, а има зголемување на претставки за заштита од дискриминација врз основа на сексуална дискриминација – во цела 2021 имало 14, а за трите месеци од 2022 – девет. Ист е соодносот и за претставки за дискриминација врз основа на родов идентитет, а за дискриминација врз основа на попреченост – во првиот квартал има четири, а во цела 2021 – седум претставки.
Јадровски соопшти дека има значително зголемување на одлуките во споредба со 2021 односно во првиот квартал од годинава се донесени 30 отсто или една третина од вкупниот број одлуки што Комисијата ги донела во 2021 година.
-Во 2021 година пристигнаа 77 претставки, а постапувавме по 167 претставки. Тоа значи дека во првиот квартал ние имаме примено 74 проценти од вкупниот број претставки кои сме ги примиле во 2021 година, а сме постапувале по 57 отсто од вкупниот број претставки што сме ги примиле за цела 2021 година. Ова покажува тренд на враќање на довербата во институцијата, но и дополнителна информираност на граѓаните и здруженијата за постоењето на Комисијата и нејзино целосно етаблирање како водечки орган во промоција на принципот на еднаквост во спречување и заштита од дискриминација, рече Јадровски .
Отворени огласи за вработување:

Во Гостивар за 6 часа санкционирани 52 возачи на мотоцикли

ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја

Владиците г.Пимен и г.Јосиф отслужија молебен на гробот на Св. Кирил

Факти за мајмунските сипаници

Триесетина казни во Гостивар и Тетово за возачи кои не пропуштале пешаци

Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност на МПЦ-ОА во Вселенската патријаршија

Чистка во Интер, заминуваат 13 играчи

Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

Шест месеци научници напојувале компјутер со помош на алги

Куче скитник нападнало гостиварец

ЗНМ, СЕММ, ССНM: Владата со народни пари фаворизира одредени медиуми

СЗО: Мајмунските сипаници во развиените земји веројатно се ширеле на две забави преку секс

Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Завршил во ПС Гостивар поради закани кон сестрите и внуката

Почина Петар Илоски, еден од втемелувачите на гостиварската кошарка

Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите

Ботанички градини во две училишта во Гостивар, децата со љубов одгледуваат билки и зеленчук

Бизнис саем во Гостивар, учествуваат 20-тина компании

Лукаревска во посета на гостиварската фирма Прогрес 1998

74 граѓани на прелиминарната листа за социјален стан во Гостивар

Емотивна средба во гимназијата во Гостивар-Прослава на 55 години матура

Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар

КК Гостивар казнет со 165.000 денари, два натпревари без публика и суспензија на стручниот штаб

Свеченост за матурантите во економското училиште во Гостивар: Ни го покажавте патот, предизвикот е наш!

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Успешен концерт во Гостивар на друштвото „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

2МФЛ: ФК Гостивар го шокираше Вардар совладувајќи го 2-1

Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење

Гостиварското основно музичко училиште прослави патронат

Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак

Храбриот Гостивар немаше доволно сили за целосен шок – Победа на МЗТ 87-85 (фото)
ДНЕВЕН БРИФИНГ НА ВЕСТИ
Внесете ја вашата електронска пошта и добивајте ги најважните дневни вести на Gostivarpress.mk секој ден во 20 часот.
Ви благодариме!
Вашата електронска пошта е додадена.
Популарно изминативе 100 дена
- Македонијапред 1 месец
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Гостиварпред 3 месеци
Патарини: Над 1.000 евра една година Гостивар – Скопје одење и враќање
- Гостиварпред 3 месеци
Во Здуње уапсен 29 годишник кој си ја нападнал девојката
- Гостиварпред 3 месеци
Ќе се обновува фасадата на ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар
- Македонијапред 2 месеци
Православните христијани одбележуваат празник Тодорова сабота
- Македонијапред 2 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиварпред 2 месеци
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар порача: Не сте сами!-Поддршка за жените во борбата против рак