Гостивар
Техничкото училиште во Гостивар се презентира пред полуматурантите
Во средното техничко училиште во Гостивар во пресрет на уписите на деветтоодделенците се одржуваат Отворени денови, на кои се презентираат смеровите и условите во оваа образовна установа.
Полуматурантите од гостиварските основни училишта имаат можност да се запознаат со наставните профили кои ги нуди техничкото училиште, со какви кабинети располага, каква е инфраструктурата, како се одвива практичниот дел од наставата итн.
„Чест ни е да бидеме дел од вашиот живот, од патот кој треба да го поминете во иднина. Имате шанса само со една одлука да го трасирате вашиот живот во добра насока, а тоа е стручно училиште. Ако одберете да се образувате во ОСТУ Гостивар пред се‘ ќе имате основа, темел, за понатамошно студирање на некој од техничките факултети. Предноста на нашето училиште е дека теоријата ја поврзуваме со праксата, ги следиме трендовите и имаме опремени кабинети и средства за работа.“, рече пред полуматурантите, професорката по машинство, Христина Стрезовска.
Во средното техничко училиште следната учебна година има место за 502 ученици на трите наставни јазици: македонски, албански и турски. Функционираат повеќе смерови и има повеќе образовни профили: машинска, електро-техничка, градежно-геодетски, компјутерска техника и автоматика, индустриска мехатроника.
Првото пријавување за уписите во средно е на 14 и 15 јуни.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!