Гостивар
Инклузивен Гостивар: Дружба, насмевки, позитивна енергија на „Магично другарство“
Гостивар покажа дека е пример за инклузивност!. Настанот „Магично другарство“, што се одржа денес во градскиот парк, близу Амфитеатарот, собра граѓански активисти, родители, деца, млади, претставници на институции, со една заедничка цел: Да се испрати порака за еднаквост и прифаќање!. Имаше дружба, насмевки, позитивна енергија, музика, игра, драмска претстава со кловновите Заги и Диши…
„Многу ми е мило што гледам деца и родители во толку голем број, убаво се дружиме. Благодарам до Општина Гостивар за поддршката, благодарност до сите што дојдоа, до медиумите што не‘ поддржаа. Преку овој настан сакаме да кажеме дека сите ние сме еднакви без разлика на пол, вера, нација, попреченост и апелираме до сите: Да ја поддржат инклузијата, зашто сите сме еднакви, нема делење на вакви и такви деца, вакви и такви луѓе“, рече Маргарита Милошеска, координатор на Ресурсниот центар во Гостивар, кое заедно со здружението „Куќа на среќата“ беа организатори.
„Целта е да не чекаме посебни денови, туку да ги собираме секогаш децата, да се радуваме сите заедно“, порача Маргарет Талески од „Куќа на среќата“.
Настанот го отвори Лабинот Салија, а настапија децата од танцовото студио I DANCE, Ардит Стафај и други изведувачи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!