Гостивар
Формиран Совет за социјална заштита на Полошкиот плански регион

Вчера во Гостивар се формираше Советот за социјална заштита на Полошкиот плански регион во кој членуваат градоначалниците на сите девет општини на Полог и директорите на Центрите за социјална работа во регионот, на Тетово и Гостивар. Центарот за развој на Полошкиот плански регион има улога на административно тело.
За претседател на Советот едногласно беше избран градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу со мандат од една година.
„На Седницата беше усвоен Деловникот за работа со кој се уредува начинот на работа на Советот за социјална заштита исто така беа задолжени директорите на Центрите за социјална работа во регионот на Тетово и Гостивар што е можно побрзо да го спремат и прилагодат со податоци од општините предлогот за потребата од развивање на социјални услуги, видот и начинот на воспоставување на услугите, кој во иднина ќе овозможи да се искористат капацитетите на Центарот за развој и да се аплицира за проекти од областа на социјалната заштита.“, соопштија од Полошкиот плански регион.
Eкспертот од областа на социјалната заштита ангажиран од СДЦ, Јован Манасиевски, го нагласи значењето на конституирањето на овој Совет и истакна дека со тоа се прави чекор кон децентрализација на социјалната заштита. Исто така се задржа и ги потенцираше потребите на Полошкиот регион од областа на социјалната заштита, како што е потребата не само од градење на старечки домови, туку и развивање на мерката помош и нега во домот со што би биле опфатени поголем број на лица на кои им е потребна оваа грижа а не само изградбата на градинките.
За Полошкиот плански регион, од големо значење е и потребата од мапирање на социјалните ризици и формирање на Совети за социјална заштита во секоја општина, со цел донесување на Годишни планови за социјална заштита. Со овие планови ќе се дефинираат потребите и општините ќе можат да аплицираат за добивање на грантови, како и користење на европските и другите расположливи фондови.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето