Вести
Тротоарите не се изложбени места – казните за узурпација до 2.000 евра
Една куса прошетка низ Гостивар е доволна за да се забележи дека тротоарите, зеленилото и други јавни површини, поединци и фирми си ги присвојуваат и си ги претвораат во изложбени простори и пазари. Во нивната свест важи девизата „она што е јавно – е мое“, но само кога станува збор за користењето, а не и за одржувањето. Ваквото несовесно однесување, освен што ја нагрдува сликата за градот, претставува и опасност по безбедноста, како на пример во случај со пешаците кои не можат слободно да се движат по тротоарите, па одат по улица.
Во насока на воспоставување поголем ред и безбедност на градските улици, сообраќајната полиција најавува засилени активности во периодот што следи и во текот на целото лето.
„Ќе се отстрануваат и законски ќе се санкционираат сите самоволни зафаќања – узурпации на јавните сообраќајни површини, пред се на тротоарите, зеленилото и делови од улиците. Станува збор за поставување на рекламни паноа, табли, изложување на земјоделски и други производи, како и оставање на хаварисани и возила кои се нудат на продажба, а кои го попречуваат нормалното и безбедно движење на пешаците и ја намалуваат прегледноста“, потенцираат од Секторот за внатрешни работи. Казните за ваквите прекршоци изнесуваат 100 евра за физички лица и до 2.000 евра за правните лица.
Од полицијата велат дека посебен акцент ќе се стави и на паркирањето. Казни ќе има за возачите кои паркирале на пешачки премини, на крстосници, на кривини, пред поставени сообраќајни знаци или на велосипедски патеки, како и на стојалишта за јавен превоз и такси возила, пред влезови на објекти, пред гаражи, во зеленило и на места предвидени за лица со посебни потреби. Непрописното паркирање ги чини возачите казна од 25 до 250 евра.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!