Поврзи се со нас

Вести

Хуманитарна изведба на „Чорбаџи Теодос“ во петок

Објавено

на

 

Младите актери, луѓето од културата и група гостиварци со големо срце ги здружија силите во хуманитарни цели. Во петок, во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар репризно ќе се одигра комедијата „Чорбаџи Теодос“, а собраните пари ќе бидат наменети за помош на ранливи категории граѓани.

Иницијативата ја покрена културното здружение „Дунек“, под водство на Ѓорѓи Нешкоски, кој е и режисер на претставата, а се реализира во соработка со Центарот за култура и група хуманитарци од Гостивар.

Сметаме дека ова е убава можност да им се помогне на наши сограѓани кои се соочуваат со животни проблеми и предизвици. Очекуваме да има публика и гостиварци да покажат солидарност, што всушност ќе значи и поддршка на пораката на младите актери, а тоа е дека сите луѓе се еднакви“, изјави директорот на културниот центар, Луан Зенки.

Билјана Беловинова како претставник на групата граѓани кои се приклучија во акцијата, ги повика гостиварци во петок да дојдат во што поголем број. „Упатуваме апел до сите гостиварци да ја поддржат иницијативата, затоа што е од хуманитарен карактер и сите собрани средства ќе се донираат во хуманитарни цели. Ова е убав момент да покажеме добра волја и солидарност и да помогнеме кадешто е потребно“, рече таа.

Билетите за претставата нема да имаат фиксна цена, туку граѓаните ќе ги плаќаат според своите можности и желба. Освен на влезот пред самата изведба, билети ќе се продаваат во текот на утрешниот ден на градскиот плоштад и некои пофреквентни улици низ Гостивар. Почетокот е закажан за во 18 часот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Занимливостипред 5 часа

Куќата oд филмот „Сам дома“ продадена за 5,5 милиони долари

Македонијапред 6 часа

Трговците со забелешки за Законот за нефер трговски практики

Светпред 8 часа

Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години

Спортпред 9 часа

Македонија против Холандија вечерва во 2. коло од Светското првенство во ракомет

Гостиварпред 10 часа

Викенд временска прогноза

Здравје и убавинапред 10 часа

Која храна треба да се внесува, а која треба да се избегнува за време на настинка?

Занимливостипред 1 ден

Ова е Европскиот автомобил на годината

Македонијапред 1 ден

Вработените во инспекторатите не зеле декемвриска плата, протестот организиран од УПОЗ продолжува

Гостиварпред 1 ден

За еден ден 100 пријавени за вадење на светиот крст од Радика, Бигорски го објави редоследот на богослужбите за Водици

Што, како, каде?!пред 2 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Гостиварпред 3 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Македонијапред 4 недели

Метео предупредување-Денови со снег, дожд и силен ветер

Спортпред 3 недели

Заврши кошаркарската година, КК Гостивар на 8 позиција

Гостиварпред 2 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена