Гостивар
Дури 199 казни за брзо возење во еден ден во Гостивар и Тетово
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (19 јуни) во рамките на сообраќајно-контролните активности за управување на возилата со брзина поголема од максимално дозволената, реализирани во периодот од 8 до 21 часот на тетовско-гостиварското подрачје изрекле вкупно 199 мерки, од кои 128 во Тетово и 71 во Гостивар.
„Од нив,123 мерки биле за пречекорување на пропишаната брзина надвор од населено место, меѓу кои 6 возила пречекориле за повеќе од 70 километри на час, а 35 возила до 70 километри на час. Покрај ова, биле санкционирани и 76 пречекорувања во населено место, од кои 4 до 50 километри на час, како и 33 други видови сообраќајни прекршоци“, информира полицијата.
СВР Тетово повторно апелира до возачите да ја прилагодат брзината според важечките правила и прописи и условите на патот и непосредно да придонесат за посигурни патишта на подрачјето. Ова, уште повеќе што од скоро започна период на зголемена сообраќајна фрекфренција, а која наредните денови значително ќе се интензивира, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, но и на околните регионални патишта и тетовските и гостиварските улици.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ