Поврзи се со нас

Гостивар

Кога ќе има конечна ранг листа за социјалните станови во Гостивар?

Објавено

на

Процедурите за распределување на социјалните станови во Гостивар влегоа во завршната фаза. Откако во втората половина од мај беше објавена прелиминарната ранг листа со вкупно 74 кандидати, Комисијата за распределба излезе на теренски проверки, да увиди дали приложената документација е соодветна на фактичката состојба на апликантите. Gostivarpress.mk упати прашања до Министерството за транспорт и врски: До каде се теренските проверки, колку од нив се завршени и дали се констатирани неправилности, но конкретни одговори не добивме. Во повратниот одговор од Министерството само беа образложени законските постапки кои следуваат до изготвување на решенијата за становите.

„Социјалните станови се распределуваат и доделуваат под закуп согласно Одлуката за распределба на социjалните станови, како и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Република Северна Македонија која е објавена во„Службен весник на РСМ“ бр. 37/22 и 38/22. Согласно горенаведената одлука, по објавувањето на прелиминарните ранг листи по категории  кориснички групи од страна на Комисијата за распределба на социјалните станови во рок од 30 дена се вршат увиди на лице место на местата на живеење на лицата од прелиминарната ранг листа и дополнитела проверка на податоци издадени оод надлежни институции. По завршување на горенаведените активности а согласно констатираните состојби, од страна на Комисијата се изготвува конечна ранг листа на лица-корисници на социјален стан и која се доставува до Министерот за транспорт и врски. Врз основа на конечната ранг листа, од страна на Министерот за транспорт и врски се донесуваат решенија за распределба на социјалните станови за секој учесник на огласот.“, наведоа од Министерството за транспорт дополнувајќи дека по приемот на решенијата, секој незадоволен апликант има право на тужба до Управниот суд во рок од 30 дена од приемот на ова решение.

Во меѓувреме социјалци, семејства со лица со посебни потреби, Роми и други ранливи категории од Гостивар кои се најдоа на прелиминарната листа го исчекуваат конечниот резултат.

Социјалната зграда со 70 стана се наоѓа на улицaта „ЈНА“, покрај Кејот на Вардар. Становите се со површина од 33 до 44 метри квадратни.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 10 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 14 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 16 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 18 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 19 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 20 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 21 час

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена