Поврзи се со нас

Македонија

Ковачевски: Официјални ставови за францускиот предлог откако ќе ги помине сите филтри

Објавено

на

„Пристигнат е предлог од француското претседателство за спорот со Бугарија, по нашата интервенција во Брисел. Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции“, изјави вечерва на прес-конференција во Владата премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски, најави дека ќе следи широк консултативен процес, со владината коалиција, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во земјата.

– Сакам да повторам и да ги уверам граѓаните дека ние имаме план и стратегија која очигледно дава резултати. Затоа апелирам до сите политички актери и до медиумите да се воздржиме од шпекулации и да се потпираме на официјални информации од институциите. Процесот ќе биде транспарентен и ние ќе ги споделиме со јавноста релевантните детали по што ќе може да се донесе финална одлука. Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно согласно стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани, изјави Ковачевски.

Предлогот, како што посочи Ковачевски, е стигнат по нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт документите кои јавноста имаше прилика да ги издискутира минатата недела.

Протоколот од Договорот за добрососедтсво, Ковачевски рече, дека не е дел од преговарачката рамка.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 55 минути

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 2 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 3 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 4 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 15 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 17 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 20 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 21 час

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 1 ден

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена