Гостивар
Да се забрза процесот на репрогласување на НП Маврово
Министерството за животна средина, Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест, Македонското еколошко друштво (МЕД), Фронт 24/42 и ЈУНП Маврово одржаа работен состанок на кој се дискутираше за процесот на репрогласување на НП Маврово за заштитено подрачје во категорија два – национален парк.
Од Министерството нагласија дека нивните напори се насочени кон забрзување на процесот и искажаа подготвеност да помогнеме на ЈУНП Маврово во обезбедување на финансиски средства потребни за ревизија/дополнување на Студијата за ревалоризација на ова заштитено подрачје од 2012 година.
„Задоволен сум што граѓанските здруженија, исто така го потврдија својот интерес за што поскоро завршување на овој процес со што ќе се обезбеди подобра заштита на природните вредности, но и ќе се овозможи социо-економски развој на подрачјето. Во оваа прилика потсетив на фактот дека завршување на процесот на револоризација е услов за донесување на Планот за управување со НП Маврово што е основа за обезбедување на донаторска поддршка. Исто така укажав на важноста од изработка и на Социо-економска студија врз чија основа правилно ќе се трасира социо-економскиот развој на ова подрачје со бројни природни вредности, но и со многу неискористени можности.“, стои во изјавата на министерот за животна средина Насер Нуредини.
Состанокот беше организиран на иницијатива на Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко свест, а во рамки на кампањата Save the Blue Heart of Europe.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!