Македонија
Агенција за вработување: 450 лица најдоа работа преку мерката за поддршка на претпријатијата

Агенцијата за вработување соопшти дека 450 невработени лица се вклучиле на пазарот на трудот преку мерката Вработување и раст на правни субјекти која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година – Шанса за сите. Повеќе од 50% од нив (286) биле млади до 29 години.
За реализација на овие вработувања до сега се исплатени 59.060.500,00 денари.
„Мерката Вработување и раст на правни субјенти поддржува креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации. Преку оваа мерка годинава е планирано да бидат вработени 497 невработени лица евидентирани во АВРСМ, а предност им се дава на младите лица до 29 години и корисниците на гарантиранa минимална помош. Вкупниот буџет за реализација на оваа мерка изнесува 76.279.000,00 денари.“, информираат од Агенцијата.
Висината на грантот за вработување на едно лице на возраст над 29 години изнесува 92.000 денари, за лица до 29 години возраст изнесува 153.750 денари, а за лица корисници на гарантирана минимална помош висината на грантот за вработено едно лице изнесува 200.000 денари. Во еден правен субјект поддржано е вработување од најмногу 5 лица.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите