Поврзи се со нас

Занимливости

Ајфеловата кула, Белата куќа, Кремљ…Малку фалело да ги снема засекогаш

Објавено

на

    Дали може да го замислите Париз без Ајфеловата кула или Њјуорк без Статутата на слободата? Во продолжение ви прикажуваме една интересна листа на светски туристички атракции, за кои сигурно сте слушнале, но не сте знаеле дека малку фалело да бидат уништени.

    Погрешените одлуки, војните, се само некои од причините поради кои овие споменици биле под закана да си снема засекогаш. За среќа, преживеале, па туристи од цел свет се уште можат да им се восхитуваат.

    Ајфеловата кула

    Жителите на Париз не и се восхитувале од секогаш и немале симпатии кон оваа најпозната светска кула. Откако е донесен планот за изградбата, кој требало да се изложи на светската изложба во 1889 година, многу се побуниле и го исмејувале. Дури и пред да почне да се гради, граѓаните почнале да потпишуваат петиција, за Ајфеловата кула никогаш да не добие свое место во Париз. Со текот на времето, граѓаните ја прифатиле кулата и почнале да се горедеат со неа. Наводно и наредбата, која била изадедена од Хитлер за да се руши, била одбиена. Во денешно време никој не може да го замисли Париз без Ајфеловата кула. Речиси седум милиони туристи, годишно ја посетуваат оваа атракција.

    Статутата на слободата

    Сите оние, коишто биле во Големото Јаболко не може, а да не го забележат високо подигнатиот факел, во десната рака на дамата, која ја претставува слободата на Америка. Познато е дека статуата на Слободата е подарок од Французите на Американците, а историјата вели дека нејзиниот градител Агусте Бартолди ја изградил за отворањето на Суецкиот канал. Сепак, кога таа идеја била одбиена, одлучил да им ја подари на американците, кои тогаш ја славеле слободата и демократијата на младата држава. За да се заврши статуата на Слободата, биле потребни 15 години, но кога се видело дека не може да се заврши, поради недостаток на пари, Џозеф Пулицер (По него е именувана наградата, која се доделува во областа на новинарството), ја собрал потребната сума на пари, на тој начин што ги повикал читателите на Ворлд, да донираат колку што можат. Денеска, статуата на Слободата се наоѓа на листата на заштитени културни наследства на УНЕСКО и е гордост на Њујорк.

    Белата куќа

    Каде денес би живееле Претседателите, доколку не би постоела Белата Куќа? Воопшто не се сомневаме дека би им било добро во некој друг објект, но Белата куќа е силен симбол на американските Претседатели, па поради тоа е тешко да се замисли дека тие би можеле да престојуваат во некој друг објект. Но, во 1814 година, Вашингтон за малку ќе останел без овој симбол.  Тогаш британските војници го нападнале Вашингтон, ги протерале граѓаните и ги запалиле сите објекти, вклучувајќи ја и Белата Куќа. Кога веќе се мислело дека Вашингтон е готов, се случило вистинско чудо. Над градот разбеснала голема бура, пропратена со торнадо, која ги рушила британските бродови, ги расфрлила топовите и убила повеќе британски војници, отколку што погинале во директна битка. После оваа бура, Англичаните заминале од овој град и никогаш не се вратиле.

    Таџ Махал

    Најпознатиот светски мавзолеј и еден од најпосетените симболи на Индија, за малку ќе доживеел тажна судбина и тоа во повеќе наврати. Стотици години после смртта на Шахот Џахан, кој го изградил Таџ Махал, за неговата сакана сопруга, мавзолејот почнал да пропаѓа во заборав. Во времето на индиската побуна во средината на 19 век, Британците од него направиле воена тврдина и околу него изградиле барикади. Пред да заминат, го опустошиле и од него ги извадиле скапоцените камења и останатите скапоцености. Во меѓувреме, Лордот Бентник, наредил многу од спомениците во Индија, да се рушат, а деловите на Таџ Махал, требало да се продадат на аукција во Европа. За среќа, откако почнале подготовките за негово разрушување, аукцијата пропаднала. На почетокот од 20 век, еден многу разумен лорд, по име Курзон, се запрепастил од глетката, кога го видел Таџ Махал. Набрзо, дал наредба за негово обновување, па благодарение на него, мавзолејот е зачуван до ден денеска.

    Кремљ

    Московскиот Кремљ се смета за најзначајно архитектонско постигнување на планетата. Некогаш бил дом на кралевите, а денеска на рускиот Претседател. Кремљ е тврдина, околу која се развил целиот град. За време на војната помеѓу Русија и Франција, Кремљ бил окупиран од Наполеон, а при повлекување од градот, тој дал наредба оваа тврдина да се уништи. За среќа, иако неколку експлозивни направи биле детонирани и покрај штетата што ја претрпил, Кремљ бил повторно обновен. Тој до ден денес е симбол на руската моќ.

    Сподели ја веста:
    Остави коментар

    Оставете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Магазинпред 4 часа

    Зошто се кршат јајца на Велигден и што симболизира тоа?

    Македонијапред 6 часа

    Вработените во културните установи без мартовска плата, реагира Синдикатот на култура

    Македонијапред 8 часа

    Од денеска задолжително објавување на цените на веб-страниците на трговците

    Гостиварпред 9 часа

    Ноќеска во Гостивар лишено од слобода лице поради кражба на мотор

    Гостиварпред 10 часа

    Изнесена Светата Плаштеница во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

    Македонијапред 11 часа

    Еден починат од СИДА, еден нов случај и три нови позитивни на ХИВ во март во земјава

    Македонијапред 12 часа

    Викенд временска прогноза

    Светпред 14 часа

    Велики петок – Денот на Христовото распнување, најтежок христијански празник

    Културапред 1 ден

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Што, како, каде?!пред 2 недели

    Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!

    Македонијапред 5 дена

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Македонијапред 7 дена

    Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

    Спортпред 4 недели

    Гостиварецот Воислав Мерџановски нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Гостиварец пријавен за напад врз поранешната сопруга и нејзините мајка и партнер

    Македонијапред 3 недели

    Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

    Рецептипред 3 недели

    Посен десерт со лесна и брза подготовка, а одличен вкус

    Гостиварпред 3 недели

    Тамара од Гостивар вечерва на престижниот фестивал Сан Ремо Јуниор: Ќе пеам во чест на жртвите и повредените во пожарот во Кочани!

    Магазинпред 1 недела

    Цвеќиња кои треба да ги посеете оваа пролет во вашата градина

    Гостиварпред 3 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 3 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 3 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 5 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 7 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Популарно изминативе 100 дена