Гостивар
Акција во Гостивар и Тетово, казнети јавни превозници
Денес (12 мај) во периодот од 6 до 10 часот на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, биле констатирани и санкционирани 8 неисправни возила, од кои 2 на тетовско и 6 на гостиварско подрачје.
„Од нив 4 (ТЕ-2 и ГВ-2) биле со неисправни уреди за кочење и 4 во Гостивар со неизвршен вонреден технички преглед. Возилата веднаш биле исклучени од сообраќај, а на прекршителите им се изготвени соодветни платни налози. За време на контролата биле откриени и 7 возила (ТЕ-2 и ГВ-5) кои вршеле јавен превоз на патници без соодветна документација и биле соодветно санкционирани согласно член 284А од Кривичниот законик на РСМ.“, информира полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до правните и физичките лица, да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, навремено да ја проверуваат техничката состојба со кои се врши јавен превоз на патници, да ја уредуваат соодветно документацијата и да придонесат за нивната безбедност и одговорноста за патниците кои ги превезуаваат како и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар