Здравје и убавина
Активен јаглен, еден од најефикасните прочистувачи на организмот
Активниот (медицински) јаглен дефинитивно секој од нас треба да го има во својата домашна аптека, поради бројните делотворности за човековиот организам. Тој всушност претставува супстанца без вкус и мирис и се добива со горење на природните состојки на високи температури во присуство на гас. Како лек се користи, уште од времето на Старите Египќани, кои случајно откриле дека спречува труење на организмот.
Делува на начин што како сунќер ги впива отровите на својата површина и ги исфрла од организмот. Апсорбира речиси се` од желудникот и цревата и она што е најважно многу е безбеден за употреба.
Пред сè, како главен треба да се издвои неговиот прв ефект во спречување на труење. Труење со храна или лекови – Доколку се соочите со ваков проблем, веднаш посегнете по активен јаглен. Ефикасен е за акутни состојби на труење во оганизмот предизвикани од расипана храна или земање поголема количина лекови. Активниот јаглен може многу да помогне во унапредување на здравјето на дигестивниот тракт преку отстранување на токсините од системот, а со тоа индиректно и за целокупното телесно и ментално здравје. Тој е идеален прочистувач на организмот и особено се препорачува на пушачи и лица кои немаат здрава исхрана.
Активниот јаглен ги врзува нуспроизводите на храната кои предизвикуваат гасови, непријатност и надуеност во стомакот, со што многу помага во отстранување на таквите тегоби.
Активниот јаглен, исто така е одлично освежување за некој што претерал со алкохолот, поради моќното дејство за исфрлање на токсините. Најдобро е кога пиете, да пиете умерено, но ако претерате, исчистете го телото со активен јаглен.
Активниот јаглен позитивно влијае и на оралното здравје и одржување на PH балансот во устата. Има способност за абсорбирање на плак и микроскопски честички, кои формираат дамки на забите. Измешајте активен јаглен во прав со паста за заби и измијте ги забите на вообичаениот начин, задржувајќи се на местата кои имаат најмногу флеки.
Заздравување на раните – Некои студии покажаа дека го поддржува заздравувањето на раните, особено кај чирови.
Активниот јаглен се користи и за козметички цели за подготовка на маски за чистење на лице,
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди