Поврзи се со нас

Вести

Акции за донирање пари и храна во Гостивар по повод Денот на борба против гладта

Објавено

на

Повеќе од 900 милиони луѓе во светот гладуваат, а две милијарди се неухранети. И статистиката за Македонија е поразителна. Проценките се дека 450 илјади граѓани секојдневно гладуваат, а од друга страна над 5 илјади тони храна завршува во контејнерите. Проблемот е комплексен, а Меѓународниот ден на борбата против гладта, 16 октомври има за цел да ја подигне свеста на луѓето, да ги инспирира да се солидаризираат и мобилизираат за негово надминување.

Денот на гладта се одбележува со низа активности, хуманитарни акции за собирање парични средства и нерасипливи прехранбени продукти кои потоа се донираат на сиромашните семејства. Општинската организација на Црвениот Крст од Гостивар, традиционално секоја година се вклучува во кампањата.

„Од денес во основните и средните училишта нашите волонтери ќе делат купони со вредност од 20 денари, додека во четврток, петок и сабота на плоштадот и во поголеми маркети ќе има штандови за донирање на прехамбени артикли“, рече Мерита Алили, претседател на Црвен Крст Гостивар.

Кампањата по повод Денот на борба против гладта се спроведува под мотото „Помислете и на нас“.

Од Црвениот Крст апелираа што поголем број на граѓани, фирми и организации да се вклучат и да донираат пари или храна, за да им се помогне на што повеќе социјално ранливи семејства.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена