Вести
Каква е продажбата на костени оваа сезона во Гостивар?
Сезоната на костени е во полн ек. Гостиварскиот регион е познат по квалитетни костени, особено во пределите на Печково, Ново Село, Јеловце, Речане. На улицата, која ги спојува центарот на градот со големиот пазар, на денешниот пазарен ден имаше многу продавачи кои нудеа костени. За тоа како оди продажбата и каква е годинешната сезона, секој со свое мислење и став. Некои рекоа дека се задоволни, а други дека виделе многу подобри години.
Цените беа различни. Еден продавач од Печково, се пожали дека оваа година немало најдобар род, а тој ги продавал костените по доста ниска цена, од 40 до 80 денари по килограм. И покрај евтината цена тој рече дека не е задоволен од продажбата, бидејќи нема заинтересираност од купувачите.
Костените од Ново Село, беа поскапи и нивната цена денес изнесуваше од 100 до 150 денари по килограм. Жената која продаваше костени од ова село рече дека цената варира поради големината на костените, а и поради тоа што, според неа, тие се поблаги од другите. Родот оваа година бил слаб и морале нивните костени да ги заштитат со фолија. Што се однесува до продажбата, таа рече дека е задоволна и дека купувачите се задоволни, бидејќи купувале квалитетни костени.
Еден потенцијален купувач, кој прашуваше за цената на костените, рече дека не е задоволен од цените. Според него тие требале да се движат некаде од 30 до 40 по килограм. Некои од купувачите беа задоволни од цените, но за повеќето тие беа скапи.
Минатата сезона, најниската цена на костени била 100 денари, додека највисоката 180 денари по килограм.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград