Гостивар
Аларм: За месец дена 4 тепачки и напади во и околу училишта во Гостивар
Загрижувачки податок за врсничкото насилство на гостиварското подрачје доаѓа од полициската евиденција. За само еден месец од почетокот на новата учебна година, регистрирани се четири случаи на нарушување на јавниот ред и мир, во и околу училишта. Зошто меѓу децата владее нетрпение, нервозата и насилство и од каде потекнува ваквото однесување?
Последниот случај датира од 27 септември, а бил пријавен од татко на нападнат ученик. Според информациите од Секторот за внатрешни работи, на паркинг зад училишна спортска сала во Гостивар, неговиот 17-годишен син и уште еден 17-годишник, кои излегувале од час по физичко воспитување, физички биле нападнати од група млади лица, во најголем број ученици во тоа средно училиште. Интервенирале тројца професори од училиштето и го прекинале нападот, а напаѓачите избегале од местото.
Инволвираните во физичкиот напад се идентификувани и по целосното расчистување на случајот против нив ќе се изготват соодветни поднесоци, информира полицијата.
Во второто полугодие од минатата учебна година, имало намален број на нарушувања на јавниот ред и мир, во круг на училиштата. Сепак, бројката од четири за само еден месец, во новата учебна година е навистина алармантна.
„Во подготовка се проекти и активности во насока на превенција и едукација на учениците за проблемот со врсничкото насилство, кои наскоро ќе бидат спроведени низ основните и средни училишта на поширокото гостиварско подрачје“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград