Вести
Александар Тодоров нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација
Александар Тодоров и официјално е новиот селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
На посебна прес конференција, денеска раководството на кошаркарската федерација го промовираше актуелниот тренерски предводник на Крајова, Александар Тодоров како десетти домашен селектор во историјата на македонската кошарка, а вкупно четиринаесетти откако се игра репрезентативна кошарка во нашата земја.
„Околу составот на репрезентацијата, лично сметам, и наидов на подршка за тоа, ова е еден момент во кој освен барањето за пласман на ЕП, треба да се изврши и едно подмладување на репрезентацијата. Особено затоа што имаме неколку генерации кои успешно се натпреваруваат на европските првенства. Подмладување на репрезентацијата кај сите вас, нормално и кај мене, звучи како некое алиби. Апсолутно не зборуваме за алиби туку зборуваме за една потреба да се даде шанса на тие деца кои многу скоро за три-четири години ќе дојдат на сцената и ќе бидат ‘костур’ на репрезентацијата“, рече Тодоров.
Прв асистент на новиот селектор ќе му биде Ѓорѓи Кочов, тренер на МЗТ Скопје, а останатите членови во екипата ќе бидат дополнително одредени и објавени.
Првит собир на кошаркарките пред одигрувањето на завршницата за пласман на ЕП, ќе биде на 13 февруари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар