Македонија
Алтернатива излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција

Алтернатива излегува од владината каолиција и ќе делува како опозиција, најави претседателот на партијата Африм Гаши по завршувањето на состанокот на Централно собрание во партиското седиште во Тетово.
„Бидејќи нашата одлука беше политичка, ние со тогашниот претседател на СДСМ потпишавме и објавивме политички договор и уште еден кадровски договор, вториот како гаранција за спроведување на политичкиот договор, кој беше усвоен и од актуелниот премиер. И, иако точките од тој договор беа спроведени од наша страна, за жал, другата страна не го спроведе во целост ниту политичкиот, ниту пак, кадровскиот договор, а на крај тие – еднострано, речиси брутално – го раскинaa договорот и решија да го поделат патот со нас, вклучувајќи друга партија во парламентарното мнозинство. Ова говори многу, за жал говори лошо, за нив и не само за нив како партија, како субјект на кој не му е гајле за раскинување на договори и не ги почитува оние кои му го спасија животот, туку ова говори многу лошо и за земјата која цели кон европските вредности. Ако СДСМ оцени дека европските стандарди се кршење на договорите, ова е многу лоша вест за Северна Македонија. Донесовме конечна одлука. Алтернатива со сите функционери ќе биде опозициска партија“, рече Гаши.
На новинарско прашање тој најави дека ќе гласат за уставните измени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава