Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Ангелов: Ќе обезбедиме нова градинка, нов мост, решавање на сообраќајниот хаос, намалување на разликите град-село

Објавено

на

 

„Предизвикот на секој општествено свесен граѓанин е да придонесе за општото добро на заедницата во која живее. Нашата цел е Гостивар да го направиме подобро, поквалитетно и перспективно место за живеење на сите граѓани. Место каде што секој ќе ја гледа својата иднина и иднината на своите најблиски“, рече на денешната прес конференција, носителот на советничката листа за Гостивар од редовите на СДСМ, Зоран Ангелов презентирајќи дел од нивните изборни проекти.

„Коалицијата предводена од СДСМ ќе обезбеди изградба на нова градинка во населба Циглана и подобрување на условите во постоечките. Ќе ја приспособиме постоечката урбана инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните. Сообраќајниот хаос ќе го решиме преку изградба на катна гаража во склоп на новиот градски пазар и преку отворање на Булевар,, Браќа Ѓиноски “ од раскрсница на ул. ЈНА до Основен Суд Гостивар. Во нашата програма е предвидена и изграддба на нов мост на реката Вардар кој ќе го спои бул. Браќа Ѓиноски со населбите Дутлок, Горна и Долна Бањица, паралелен на постоечкиот кој не ги исполнува потребните услови за фрекфенција на патнички и товарни возила. Ние ќе ги намалиме разликите помеѓу градот и околните селски средини. Имаме предвидено и проширување на регионалниот пат од с.Тумчевиште до автопатот Тетово –Гостивар, проширување на локалниот пат од село Долна Бањица до Населба Цигланаи изградба на нов пат од населба Фазанерија до манастирот Преображение. Ќе обезбедиме и доизградба на канализациона мрежа во околните села, зошто навистина е срамно и жално во 21 век, жителите на општина Гостивар да живеат со такви проблеми“, информираше Ангелов.

Носителот на листата заедно со кандидатите за членови на Советот денешниот прес го искористија и да упатат покана до граѓаните за централниот митинг на СДСМ во Гостивар за Локалните избори, кој ќе се одржи во четврток (28.9) на градскиот плоштад со почеток во 20 часот.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена