Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Конвенција во Гостивар на кандидатот за градоначалник од Алијанса за Албанците, Арбен Таравари

Објавено

на

 

Алијанса за Албанците вечерва во Гостивар одржа промотивна Конвенција на која го претстави својот кандидат за градоначалник, Арбен Таравари и советничката листа со која настапува на октомвриските Локални избори.

„Пред гласачите на овие локални избори излегуваме со амбициозна програма по Европски терк, подготвена од експерти која ја нарековме „Гостивар на прво место“. Во неа има девет приоритети на кои ќе се посветиме за да го вратиме сјајот на Гостивар. Ќе бидеме транспарентна општина, отворена за сите:граѓаните, бизнисмените, невладините организации, медиумите. Ќе кажеме стоп за корупцијата и криминалот. Ќе работиме на локален економски развој креирајќи партнерства со приватниот бизнис сектор. Ќе обезбедиме чиста вода за пиење и инфраструктура за сите граѓани. Ќе ги развиваме спортот и културата со промоција на уметници и отворање центри за млади. Во делот на образовните институции предвидуваме отворање на нутриционистички мензи во училиштата. Јавниот превоз ќе биде организиран со еко автобуси и ќе биде бесплатен за пензионери и социјално ранливите семејства. Наш голем проект е целосна реконструкција и доградба на болницата со што ќе ја имаме најдобрата болница во земјата и регионот“, рече Таравари во својот говор пред присутните.

На Конвенцијата свое обраќање имаше и носителот на листата на советници од Алијанса за Албанците, Бесим Мемеди. „Да се биде носител на советничката листа која застанува зад ваков кандидат за градоначалник за мене е голема чест. Тоа не е привилегија, туку една голема обврска. Сите кандидати за членови на советот од нашата листа се луѓе професионалци, кои имаат дадено продонес во своите области. Сигурен сум дека со таков тим ќе победиме на изборите“, нагласи носителот на листата од Алијанса за Албанците.

Во своето обраќање, претседателот на партијата, Зијадин Села ја оцени атмосферата во Гостивар како славеничка и ги повика гласачите да го дадат својот глас за нивниот кандидат и листа.  „На политичката сцена низ годините се менуваа многу политички партии, но се остануваше исто. Алијанса за Албанците не зборува за работа, туку работи и тоа граѓаните го гледаат“, рече Села.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена