Поврзи се со нас

Вести

Анкета: Многу време за спиење, малку за работа и патувања

Објавено

на

Граѓаните на Република Македонија просечно спијат по 8 часа и 44 минути во едно деноноќие. Процентуално, тоа се 36% од времето поминати во сон. Ова го покажува анкета изработена од Државниот завод за статистика.

Веднаш по спиењето, омилен начин на трошење на времето на граѓаните им се слободните активности за кои посветуваат 22% од времето, или вкупно 5 часа и 17. Овде спаѓаат дружење, посетување и примање гости, телефонски разговори, забава и култура, одмор, спортување, шетање, пешачење, уметност, користење на компјутери, читање книги и списанија, гледање телевизија и слушање музика.

Луѓето поминуваат многу помалку време во вршење на домашни активности, околу 10% или во часови: 2ч. и 25мин. Тука се подразбира подготвување храна, миење садови, чистење на станот, перење, пеглање, рачни изработки, градинарство, градење и поправки, купување, грижа за децата.

Анкетата покажува дека, на работа, главна и дополнителна ефективно се трошат по 2 часа и 30 минути од едно деноноќие. Само 15 минути помалку од ова време, луѓето поминуваат во јадење и пиење. На патување и школување отпаѓаат просечно по 4% или 50-тина минути.

Податоците Анкетата ја прикажуваат традиционалната поделба на работите меѓу половите. Така мажите поголем дел од времето го поминуваат на платена работа, додека кај жените, домашните активности одземаат најголем дел од времето.

Подготвувањето на храна кај жената зазема 37% од домашните активности, додека кај мажите само 12%. Миењето садови кај жената зазема 16% од домашните активности, додека кај мажите само 2%.

Анкетата е изработена во 2015-та година. Дали навиките кај граѓаните се промениле од тогаш, останува да се види во следното истражување.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена