Гостиарски
Анкета со ученици од Гостивар – Како го поминуваат зимскиот распуст?
Ивона Богојевска, прва година гимназија
Имавме напорно полугодие и зимскиот распуст во секој случај ни помага малку да се ослободиме од школските обврски. Тука се и празниците кои ги поминуваме заедно со семејството и пријателите. Мислам дека сите ученици го наоѓаат мирот за време на зимскиот распуст бидејќи имаме време да се одмориме, да излегуваме, да шетаме и да се подготвиме за почетокот на второто полугодие.
[divider]
Анастасио Николски, 7 одд. ОУ„Единство“
Зимскиот распуст ни започна со дочекот на Новата година. Вообичаено за време на зимскиот распуст има снежна покривка, но оваа година до сега нема снег. Кога има снег тогаш постојат повеќе начини да се забавуваме ние децата. Овој зимски распуст најчесто со другарите играме билијард, плејстејшн или пак се шетаме низ град. Го одбележавме Бадник со коледарски обичаи, го прославуваме големиот православен празник Божиќ, а по него ќе ги славиме и Стара нова година и Водици. Мислам дека секако и овој зимски распуст ќе ни биде интересен со дружби, прошетки и забава, но нема да заборавам и на подготовките за училиште, да прочитам некоја книга и слично.
[divider]
Деа Садику, 3 одд. ОУ „Единство“
Овој зимски распуст го поминувам многу убаво. Со мојата сестра Ера секој ден играме, пееме детски песнички, а често и свирам затоа што многу ја сакам музиката. Ја читам книгата Пријателство и вежбам задачи по математика. Еден ден со родителите го посетивме Маврово, а после неколку дена ќе ги посетиме и моите братучетки во Тирана.
[divider]
Марија Пандиловска, матурант, „Јахја Ќемал“
Бидејќи оваа година сум матурантка, овој зимски распуст го поминувам многу посериозно од сите досегашни. Подготвувам проектна за државна матура како и апликации за на факултет. Меѓутоа ова е празничен период, па секако дека доста време поминувам и со најблиските што е многу ретко во останатиот дел од годината, поради работните обврски на секој поединечно. Главно ја сакам оваа празнична магија и гледам што е можно повеќе време да поминам со луѓето кои најмногу ми значат.
[divider]
Михаела Јакимоска, 6 одд. ОУ „Гоце Делчев“
Првото полугодие заврши ,ги ставив на пауза училишните обврски, но сепак ми недостасува дружењето со “школските”. Зимскиот распуст го сакам поради Новата година и празничната атмосфера што се чувствува насекаде, раното станување на Бадник за коледе,семејниот ручек за Божиќ. Сепак зимскиот распуст најмногу го сакам кога надвор има снег. За жал се уште го нема. Еден ден бев во Леуново кај мојата другарка Ана Марија. Имаше снег и иако премрзнавме уживавме во снежните игри. Слободното време го поминувам најмногу со другарките од маалото, читам лектира, гледам интересни филмови. Моментално чекам повик од другарките да се најдеме на збирно место”кај Водовод” и си мислам во себе: “Ќе биде совршено ако заврне снег бидејќи мојот град тогаш е преубав, а и толку многу игри има на снегот”!
[divider]
Арбер Ајдини, матурант, „Јахја Ќемал“
Како матурант, овој зимски распуст го поминувам размислувајќи и планирајќи ја мојата иднина. Разгледувам опции за факултет, читам книги, работам за проектната задача и слично. Но, ова не значи дека цел ден седам дома. За викендите поминувам време со моите пријатели, пиеме кафе и се забавуваме. Исто така, секој распуст патувам надвор од државата да побегнам од монотонијата.
[divider]
Цветанка Мисајлоска, трета година гимназија
Поголемиот дел од зимскиот распуст го минувам дома со моето семејство. Јануари е месец на многу празници, така што тие го прават распустот уште поубав и поинтересен. Честото дружење и излегувања со пријателите го исполнуваат моето секојдневие овој период.
[divider]
Бесијана Сулејмани, 9 одд. ОУ„Единство“
Овој зимски распуст го почнав со читање на интересен роман кој се вика ,,The secret garden”. Со моето семејство отидовме на шетање надвор од државата и си поминавме премногу убаво. Моментално се наоѓам во Србија кај семејството на мајка ми, каде што уживаме во прошетки, дружење со пријатели и роднини. Иако имам убав зимски распуст, едвај чекам да почне второто полугодие затоа што ова ми е последната година во основно училиште.
[divider]
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар