Гостивар
Апел до земјоделците во гостиварско да не палат огнови

Со затоплувањето на времето се очекува во Полошкиот регион да се интензивираат земјоделските активности на нивит. Секторот за внатрешни работи Тетовоапелира до сите кои деновиве ќе работат на земјоделските површини или од најразлични причини ќе се движат на отворен простор да не палат огнови.
„Ова, посебно се однесува на земјоделците кои интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба, кои ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите, а огнот без контрола брзо се шири, особено кога времето е ветровито. На земјоделците, исто така, им се укажува и на крајна внимателност кога се движат со механизацијата, истата да биде технички исправна и да ја управуваат исклучиво лица со потребните дозволи за тоа. Да бидат максимално внимателни им се советува и на оние кои ќе работат во шумите, како и на сите други, зашто доволно е само мала искра за да се потпали нискостеблестата вегетација и да пламне пожар.“, потенцираат од СВР.
Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград