Поврзи се со нас

Вести

Апел за помош на семејство од Ростуше чија куќа изгоре во пожар

Објавено

на

Пожар остави семејство во долнореканското село Ростуше без покрив над главата. Испратен е апел до сите хумани луѓе, да излезат во пресрет и да помогнат.

Пожарот се случил во средата (11-ти јануари) наутро во куќата на семејството Јанкоски во Ростуше, во месноста „Аловци“. Огнот ја зафатил  конструкцијата на покривот, се проширил и го пеплосал првиот кат со целокупната покуќнина, а значително го оштетил и приземјето на куќата. Причината за избувнувањето најверојатно е неисчистен оџак. Среќа во несреќа е што немало повредени.

За помош на семејството од Ростуше апелираше и монашкото братство на Бигорскиот манастир. Во апелот се вели:

„Почитувани верници, браќа и сестри, хумани граѓани и наши читатали, во овие денови на радосно Божикно ликување, кога си спомнуваме за неискажливото Божјо милосрдие кон човечкиот род, ни се дава можност да покажаме и ние малку милосрдие кон нашите собраќа, членовите на благочетивото семејство Јанкоски од с. Ростуше. Имено, семејната куќа на Јорде и Јаглика Јанкоски и нивните деца пред два дена изгоре целосно до темел, така што тие во ова време со екстремно ниски температури останаа без покрив над главата.

Замолуваме, доколку сте во можност, да дадете доброволен прилог за обнова на нивната куќа, преку жиро-сметката: 200002778495540 Стопанска Банка АД Скопје, Јанкоски Јорде“

 

http://www.bigorski.org.mk/index.php?content_type=nastani&action=details&record_id=2651

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена