Поврзи се со нас

Гостивар

Апелациониот суд во Гостивар вработува референти, платите по 300 и 250 евра

Објавено

на

Две нови работни места се отвораат во Апелациониот суд во Гостивар. Институцијата објави огласи за прием на самостоен судски референт и помлад судски референт. Покрај општите услови, одредени во Законот за судска служба, кандидатите треба да исполнуваа и одредени посебни услови: завршено најмалку средно или више образование, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски) и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. За позицијата самостоен судски референт се бара и најмалку три години работно искуство во струката, додека за помлад референт работното искуство не е услов.

Вработувањата се на неопределено, со полно работно време. Основната плата за самостоен судски референт изнесува 18.238 денари, додека за помлад референт 15.265 денари.

Деталите од огласот може да ги прочитате на следниот ЛИНК

Гостиварска Апелација е надлежна да  решава по жалби против одлуките на Основните судови во Гостивар, Тетово, Дебар и Кичево. Според извештајот за првиот квартал од годината, во судот се предвидени 117 места за суски службеници, од кои пополнети се 30%.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена