Вести Гостивар
Апсења во Гостивар – пронајдени екстази, кокаин, марихуана…
Во неколку одделни случаи викендов биле уапсени повеќе лица, заради дрога. МВР соопшти дека вчеравечер 22:20 часот, биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар три лица, кај кои при преглед, пронајдени и одземени биле екстази.
Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вечаравечер околу 20 часот, извршиле претрес во куќата на 46-годишниот Ш.А.Г. во гостиварска Долна Бањица. „При претресот, реализиран со судска наредба, пронајден е кокаин, марихуана и дробилка. Ш.А.Г. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.“, известува МВР.
Ноќеска пак, околу 2 часот и 30 минути после полноќ, во тетовското село Боговиње, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко моторно возило „Рено твинго“ со гостиварски регистарски таблици управувано од 27-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране. При преглед била пронајдена марихуана, поради што лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 1 ден
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер