Поврзи се со нас

Гостивар

Бебешкиот плач во Гостивар се слуша и во пандемија, 583 бебиња родени лани

Објавено

на

Наталитетот го победи ковидот, барем судејќи по бројот на новороденчиња со кој Гостивар ја заокружи 2020-та. На гинеколошко-акушерското одделение во гостиварската општа болница „Д-р Ферид Мурад“ лани се родиле 583 бебиња. Споредено со 2019-та има намалување, но тоа не е поврзано со актуелната состојба, туку е тренд кој трае изминатата деценија, велат лекарите.

„Во 2020-та сме имале 583 раѓања, додека во 2019-та година 622, што значи намалено за 39. Трендот на опаѓање на новороденчиња го има, секоја година бележиме намалувањ во однос на претходната. Земајќи предвид каква година поминавме со пандемијата, сепак бројот не е драстично намален, може да констатирам дека ковид кризата не е причина за пад на наталитетот.“, вели д-р Агим Јакупи, раководител на гинеколошко-акушерското одделение во Гостивар.

Состојбата со коронакризата беше причина за внесување на многу промени во работењето и функционирањето на гинеколошко-акушерското одделение, во однос на задолжителните протоколи за заштита.

„Ковидот си го направи своето, стрес и страв имаше не само кај трудниците, туку и кај самиот медицински персонал. Работевме под силен притисок да ги исполниме сите протоколи пропишани од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Тоа не беше лесно, затоа што на почетокот за нас беше непознато, прв пат се соочивме со таква пандемија, немавме доволно информации. Лека полека, од ден на ден се разјаснуваа некои работи и стекнавме навика за таков тек на работата. Сега веќе располагаме и со брзи ковид тестови и задолжително го правиме на секоја родилка пред да влезе во операциона сала. Порано ги немавме и не можевме да дознаеме веднаш дали некоја пациентка е позитивна, некогаш требаше да се чека 2-3 дена резултат. Сега во тој дел некако може да бидеме посигурни со пациентките“, рече д-р Јакупи.

Евиденцијата на гикекологија во гостиварската болница покажува дека лани 267 од раѓањата биле со царски рез, додека 316 спонтано. Шест родилки се израдувале со близначиња.

Во првите две недели од новата година во Гостивар се родиле 13 бебиња.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена