Поврзи се со нас

Гостивар

“Беше полн со љубов кон сите“ – Сеќавање за големиот народен херој Чеде Филиповски-Даме

Објавено

на

Чеде Филиповски Даме со браќата пред влезот на црквата во Гостивар по ослободувањето

По повод одбележувањето на 100 години од раѓањето на еден од најголемите борци за слобода, во чест на херојот на Македонија од НОВ, кој потекнува од мавровско-гостиварскиот крај, мајорот Чеде Филиповски – Даме, споделуваме извадок од книгата „Сеќавањата на народниот херој Чеде Филипоски – Даме“ каде неговиот брат Ацо Филиповски раскажува за животот на Чеде пред војната, последната средба со неговата мајка, со него, семејството и последната негова посета на Гостивар.

„Јас сум еден од неговите помлади браќа Ацо Филиповски. Чеде ни беше најстар и најсакан брат. Бевме големо и сиромашно семејство со многу деца. Покрај татко ми и мајка ми тој од децата беше најоптоварен како најстар во помошта на семејството. Чеде стана нашата гордост и чест. Ние сите многу го сакавме.
Беше сакан и од неговите другари и соселани. Насекаде во друштво беше добредојден, зашто беше весел и друштвен, полн со оптимизам и енергија, секојпат готов да запее и да заигра. Често ќе ја земеше својата шупелка па ќе засвиреше толку убаво како што тој знаеше. Гласот од неговата шупелка се ширеше како носталгично ехо низ околните ритчиња и шумата, низ родното Никифорово. Тоа ехо како и денес да го слушам одејќи во селото во кое сите ние сме вљубени.

Во нашиот крај во зимскиот период пага голем снег и се задржува доста долго, па така и зимите се снежни и долги. Немаше млад човек или дете без сопствени скии или санка што сами ги правевме. Една од големите љубави на Чеде беше скијањето. И тука како да немаше рамен на себе. Скијачката вештина ја совлада до совршенство и како да беше претплатен во скијачките натпревари за првото место. Се сеќавам како мало дете моите скии беа најмали, а очите вперени кон поголемите скии кои беа на поголемите браќа и често знаев да издемнам кога тие се одмораа да ги грабнам скиите на Чеде и да им се фалам надвор со нив на моите врсници.

Се сеќавам често знаев да влезам во неговата соба. Таа беше од страна на градината. Во неа често наоѓав книги кои не ги разбирав, но од љубопитност ги превртував. Подоцна разбрав дека тоа било марксистичка литература што Чеде ја читал. Се сеќавам за денот кога мојот сакан брат Чеде требаше официјално да замине во пратизани. Беше приквечерина, мајка ми и татко ми беа многу загрижени за сето тоа, што е нормално. Татко ми таа вечер како да се разболе, припадна во бесознание. Сите се исплашивме. Мајка ми, Чеде и другите се обидуваа на секаков начин да му помогнат и да го вратат во живот. Чеде таа вечер поради здравствената состојба на татко ми го одложи заминувањето за другиот ден.

Подоцна често размислував за таа вечер. Татко ми иако беше многу тврд и горд човек веројатно тогаш размислил за се посериозно и којзнае се што му се предвидело во мислите, та родителското срце неможело да го поднесе тоа оптоварување. Веројатно за својот првенец чувствата биле многу посилни од суровата стварност за која бил сосема свесен. Свесен дека треба да се војува и гине. Мајка ми, пак, таа изнамачена благородна душа го стегнала срцето за своjaта рожба, но солзите се лизгаа низ избораното лице и така го поднесе тоj товар.

Миле Филиповски, Чеде Филиповски Даме и Тихомир Шаревски 1944 година

Во 1943 год. Никифорово до темел го запалија Италијанците и балистите. Со другите куќи изгоре и нашата куќа, та моравме да се преселиме подоцна во Гостивар во куќата на Теодоси Деспотовски.

Кога дојде слободата во Гостивар дојде Чеде дома, бидејќи учествуваше во ослободувањето на градот со бригадата. Ни дојде дома на општа радост на семејството. Се сеќавам бевме многу радосни и весели. Дојде во друштво со една партизанка, со партизанско име Цвета, односно Жамила Колономос од Битола. Ни ја претстави како негова другарка. Бевме радосни, многу бргу целото семејство ја засака. Ни стана мила и присна на сите. Ни ги плени срцата на сите. Цвета ни стана снаа. Нашата љубов спрема Цвета трае и денес.

Тогаш по раскажувањето на мајка ми, таа му рекла на Чеде, еве синко војнава заврши, ми се врти жив и здрав, уште и со убава невеста, ајде малку да се повеселиме, да направиме свадба, прво дете си ми, прва радост. Чеде се замисли па птов му одговори. Не мајко немој тоа да бараш од мене. Како да се радувам, како да се веселам кога знам дека моите другари партизани ги оставив да лежат мртви в шума.

Таа занемела и не можела ништо да му каже. Овие зборови на Чеде кажани на мајка ми, често ми доаѓаат во сеќавањата. Тие зборуваат за неговата хуманост, за неговата безгранична љубов и пиетет кон своите другари воини на револуцијата, кон жртвите дадени за слободата. Тој беше полн со Љубов спрема сите, во неговото благородно и големо срце имаше место за сите.

Болно ми е сеќавањето на последната средба со Чеде. Беше дојден дома во Гостивар заедно со Цвета, да не видат. Целото мое семејство бликаше од среќа и радост, а заедно со нас се радуваше и тој. Бев во прво одделение. Се сеќавам дека бев во собата седнат на масата и работев нешто како, домашна работа. Требаше да нацртам квачка со пилиња. Така цртајќи се отвори вратата и влезе Чеде. Дојде зад мене прегрнувајќи ме со раката ми рече: што работиш Ацо? Јас почнав да му објаснувам што цртам, а тој остана така зад мене да ме гледа. Продолжив да цртам. Никој не зборуваше. Тоа малку замолча. Кога се свртев кон него видов во неговите крупни убави и топли очи солзи. Ми се пристори како да плаче. Јас се вознемирив и незнаен што да речам. Не рече и тој ништо. Потем ме погали со топлата рака по главата и така со насолзени очи замина од собата. Потоа по некој ден замина од Гостивар за повеќе да не се видиме. Дојде после, и таа злокобна вест за неговата погибија, што сите не потресе. Не остави вечно да жалиме по него.

Подоцна често размислував за тие последни мигови, за тие топли насолзени очи што и денес ме прогонуваат, прашувајќи се зошто плачеше? Зошто ништо не кажа?…

Чеде Филиповски Даме во Охрид 1944

Јас верувам дека тоа беа солзи радосници. Некаква сатисфакција за сето она за што се бореше. За времето во кое неговите браќа заедно со сите други, ќе живеат во слобода, ќе учат и ке се развиваат на својот мајчин јазик и дека на ропството засекогаш е и крајот“.

Скопје, 1992 год
Прилог за радио Скопје, по повод годишнината за смрта на Чеде Филиповски

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 4 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 7 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 8 часа

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 9 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 10 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 11 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 24 часа

Гостивар во слава на 5 Мај: Да ни е жив и вековит македонскиот јазик!

Македонијапред 1 ден

Денарот слави 32 роденден

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена